moccasin - онтологија

јеменија повеќе

мн. јемении
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Вид ниски чевли.
Турски: yemeni
Употреба: Архаизам
Примери:
Нивните излитени јемении се влечкаа по калдрмата.

мокасина повеќе

мн. мокасини
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Вид лесни, плитки кожени обувки, без потпетица.

мокасинка повеќе

Види и: мокасина (ж.)
мн. мокасинки
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) мокасина

опинок повеќе

мн. опинци
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Лесна, селска обувка обично од кожа или гума, која се стега околу ногата со ремчиња, опута и сл.
Албански: opingë
Примери:
Тој започна да ги собува гумените опинци.