monster - онтологија

аждер повеќе

мн. аждери
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е силно, лакомо и грабливо, што го плаши светот.
Албански: monster
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некои аждери на новата држава ја запалиле текстилната фабрика.

грдотија повеќе

мн. грдотии
Вид збор: Именка, женски род
Човек со грд изглед.
Албански: njeri i shëmtuar, monstër
Примери:
Жена му беше вистинска грдотија.

ѕвер повеќе

мн. ѕверови
Вид збор: Именка, машки род
бездушен, зол човек
Албански: njeri i keq, i pashpirt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Понекогаш, човекот станува див ѕвер.

изметок повеќе

мн. изметоци
Вид збор: Именка, машки род
Изрод, никаквец, лош, одвратен човек.
Албански: gjigand
Употреба: Преносно значење

монструм повеќе

мн. монструми
Вид збор: Именка, машки род
чудовиште, страшило
Албански: monstër
Морално деформиран, изопачен, суров човек.
Албански: monstër
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Тој е монструм.

нелуѓе повеќе

Вид збор: Именка, множина
мнoжина од нечовек
Примери:
Сретна луѓе и нелуѓе.

нечовек повеќе

мн. нелуѓе
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не е човек во морален однос, што нема добри човечки особини, што е лош, свиреп. Злобник, никаквец.
Примери:
Зол измамник и нечовек е тој.

страшилиште повеќе

мн. страшилишта
Вид збор: Именка, среден род
страшило, чудовиште
Албански: monstër, përbindësh

страшило повеќе

мн. страшила
Вид збор: Именка, среден род
страшилиште, чудовиште
Албански: përbindësh, monstër

укориште повеќе

Види и: укор (м.)
Вид збор: Именка, среден род
наказ
Албански: e mallkuar

улиште повеќе

мн. улишта
Вид збор: Именка, среден род
За грд, неприбран човек - чудовиште, страшило.
Албански: monstër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Улиште едно!

чолта повеќе

мн. чолти
Вид збор: Именка, женски род
грдо, грдотија, ковчесто чедо
Албански: shëmti
Употреба: Преносно значење
Примери:
чолто една!

чудовиште повеќе

мн. чудовишта
Вид збор: Именка, среден род
Како фантастично митолошко суштество.
Албански: përbindësh, monster
Примери:
Грозно, огромно, необично суштество.
За човек необичен со својата суровост и настраност или со голема грдотија.
Албански: monster, përbindësh
Употреба: Преносно значење