morning - онтологија

изутрина повеќе

мн. изутрини
Вид збор: Именка, женски род
Рано наутро, утро.
Примери:
Секоја изутрина одеше за вода на селската чешма.

претпладне повеќе

мн. претпладниња
Вид збор: Именка, среден род
Времето од изутрина до пладне.
Примери:
Ова неделно претпладне ќе го помине во прошетка низ паркот.

ранина повеќе

мн. ранини
Вид збор: Именка, женски род
Обично во состав на, од, в ранина.
Примери:
Стани сам во мугрите, излези во ранина, на висока, скалиста, снеговита планина.

сабајле повеќе

мн. сабајлиња
Вид збор: Именка, среден род
утро
Турски: sabah
Употреба: Разговорно
Примери:
Сабајлето беше убаво.

сабајлина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сабајле
Турски: sabah
Употреба: Разговорно

утрина повеќе

мн. утрини
Вид збор: Именка, женски род
Утро, рано утро.
Албански: mëngjes
Примери:
Станал една утрина рано.

утро повеќе

Види и: утрина (ж.)
мн. утра
Вид збор: Именка, среден род
Првите часови на денот.
Српски: јутро Албански: mëngjes Бугарски: утро
Примери:
секое утро