mornings - онтологија

допладневен повеќе

допладневниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето до пладне.
Примери:
Допладневни активности.

насабајле повеќе

Вид збор: Прилог
наутро
Турски: sabah
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Секој ден по три кафени лажици, насабајле, напладне и навечер пред спиење.

наутро повеќе

Вид збор: Прилог
Секој ден или секојпат во определен ден во утрото.
Примери:
Наутро сакаше повеќе да спие, а мораше да станува рано.

сабајлешен повеќе

сабајлешниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сабајле.
Употреба: Разговорно
Примери:
сабајлешна средба

сутра повеќе

сутро
Вид збор: Прилог
изутрина
Употреба: Народна поезија

утрешен повеќе

утрешни
Вид збор: Придавка
утрен
Албански: e mëngjesit
Примери:
утрешна роса

утрото повеќе

Вид збор: Прилог
тоа утро
Примери:
Утрото не дојде на работа.