mortar - онтологија

аван повеќе

мн. авани
Вид збор: Именка, машки род
Сад, обично метален, за толчење кафе, црн пипер, слануток и др.
Турски: havan
Примери:
Таа го столчи сланутокот во аванот.

дибек повеќе

мн. дибеци
Вид збор: Именка, машки род
Издлабен сад од камен или (поретко) од дрво вкопан во земја во кој се толчи сол, пипер, кафе и др.
Турски: dibek Албански: dybek
Примери:
Звук од празен дибек.

малтер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Смеса, обично од песок, вар и вода што се користи за ѕидање и премачкување.
Примери:
Фасаден малтер.

минофрлач повеќе

мн. минофрлачи
Вид збор: Именка, машки род
Војник што ракува со минофрлачка.
Албански: minahedhës
Употреба: Воен термин
минофрлачка
Албански: minahedhëse, mortaj
Употреба: Воен термин

минофрлачка повеќе

мн. минофрлачки
Вид збор: Именка, женски род
Артилериско лесно оружје со краток дострел, со кратка цевка која испалува експлозивен проектил во високоаголна траекторија.
Употреба: Воен термин