murmur - онтологија

дунда повеќе

дундаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрмори
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Дундаше незадоволно.

жубори повеќе

жуборат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува жубор (за вода и други течности; за човечки гласови, за птици).
Примери:
Пролетните води жубореа.

жуборка повеќе

Види и: жубори (несв.)
жуборкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Жубори по малку, во помала мера.
Употреба: Деминутив
Примери:
Чешмичкава жуборка тивко, заглушено и еднолично.

зажубори повеќе

зажуборат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жубори.
Примери:
Планинските потоци зажубореа.

замрмори повеќе

Види и: мрмори (несв.)
замрморат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрмори.
Примери:
Штом ме видоа, замрморија со неразбирливи гласови.

исаска повеќе

исаскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто со шепот, неразбирливо.
Албански: murmurij
Примери:
Тој исаска нешто неразбирливо.

мемоли повеќе

мемолат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрмори
Примери:
Читаше мемолејќи со усните.

мрмоли повеќе

мрмолат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрмори

мрмори повеќе

мрморат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува полугласно.

намрмори повеќе

(се) намрморат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрмори доволно долго, до задоволување.

одмемоли повеќе

Види и: мемоли (несв.)
одмемолат
Вид збор: Глагол, свршен
мемоли

промрмори повеќе

промрморат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрмори.
Албански: murmurij
Примери:
Едвај се освести и промрмори.
Мрмори кратко време.
Албански: murmurij pak
Примери:
Наместо одговор, промрмори нешто неразбирливо.

промумла повеќе

Види и: мумла (несв.)
промумлаат
Вид збор: Глагол, свршен
(оном.) Испушти неразбирливи гласови.

размрмори повеќе

Види и: мрмори (несв.)
(се) размрморат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрмори.
Примери:
Пак вие сте се размрмориле.

ромони повеќе

ромонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава ромон, шуми тивко, нежно.
Примери:
Ромони изворот драг.

ромори повеќе

Види и: ромони (несв.)
роморат
Вид збор: Глагол, несвршен
ромони
Примери:
Чешма, истечува ли, ромори ли, или така.

смрморува повеќе

Види и: смрмори (св.)
смрморуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
смрмори