neighborhood - онтологија

добрососедство повеќе

(едн.) добрососедството
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на добри односи меѓу соседи.
Примери:
Тоа решение отвора вистински и трајни перспективи за добрососедство, дружба и соработка.

соседство повеќе

(едн.) соседството
Вид збор: Именка, среден род
Близост со некого, со нешто по место на живеење, на наоѓање.
Албански: fqinjësi
Примери:
Седи во соседство.
Состојба на сосед, соседски односи.
Албански: fqinjësi
Примери:
Ништо не можеше да го наруши нивното добро соседство.
соседи
Албански: fqinjë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тоа му беше познато на целото соседство.