neither - онтологија

ни повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе, за изразување разделна врска за да се потсили и да се истакне целосно одрекувањето и да се засили негирањето.
Примери:
Ни жени ни деца, никој не дојде.

ни повеќе

Вид збор: Честичка
За наглаcување и за засилување на негирањето при двојна негација.
Примери:
Не рече ни збор, само стана и си замина.

нити повеќе

Вид збор: Сврзник
нити...нити, ни...ни, ниту... ниту
Примери:
Нити жени нити деца, никој нема.

нити повеќе

Види и: ни (чест.)
Вид збор: Честичка
ни, ниту
Примери:
Не рече нити збор.

нито повеќе

Вид збор: Сврзник
(нито...нито) ниту
Примери:
Нито работат нито си одат.

ниту повеќе

Вид збор: Сврзник
(ниту...ниту) ни...ни
Примери:
Ниту пари ниту работа, му остануваа само празни размислувања.