notice - онтологија

воочи повеќе

воочат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане свесен за нешто, согледа.
Примери:
Во тоа време секој кој се интересираше за оваа област внимателно веќе ги беше воочил тие работи.

довиди повеќе

довидат
Вид збор: Глагол, свршен
Опфати со поглед.
Албански: shoh, vërej
Примери:
Не можеше да ја довиди во големата толпа народ.

догледа повеќе

догледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Види нешто од подалеку, забележи.
Албански: vërej, sheh
Примери:
Се сврте и назад ја догледа девојката.

дофати повеќе

дофатат
Вид збор: Глагол, свршен
Забележи, открие нешто.
Албански: shënoj
Примери:
Сакав на дело да ја дофатам.

забележи повеќе

забележат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, здогледа некого или нешто.
Албански: vërej
Примери:
Цариниците забележале оти камионот бил отворен.
Сфати, согледа нешто, стане свесен за нешто.
Албански: vërej
Примери:
Тој не ги забележил промените околу себе.

завиди повеќе

завидат
Вид збор: Глагол, свршен
здогледа, забележи
Албански: sheh, vërej
Примери:
Очите му одат на китчето босилек што преѓе го завиде.

запикаса повеќе

Види и: забележи (св.)
запикасаат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи
Употреба: Дијалектен збор

зауши повеќе

заушат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи
Албански: shënoj
Примери:
Никој не зауши дека го нема.

наѕира повеќе

Види и: наѕре (св.)
наѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се наѕира) Се забележува, се покажува, се гледа по малку, нејасно.
Албански: vërej
Примери:
Во далечината се наѕираше камбанаријата.

пикаса повеќе

пикасаат
Вид збор: Глагол, свршен
забележува
Албански: vërej
Употреба: Архаизам
Примери:
Го пикасале кога врвел преку мостот.

примети повеќе

приметат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи
Српски: приметити Албански: vërej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Не го приметив кога влегол.

сети повеќе

сетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сети) Се разбере, се узнае, се забележи, се почувствува.
Албански: kujtoj, vërej
Примери:
Се сети дека не ќе може да ја изврши задачата.

согледа повеќе

согледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Восприеме со вид, забележи, здогледа.
Албански: vërej
Примери:
Ги согледа младата невеста.

сопази повеќе

сопазат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
(нар. поез.) Го сопази стара мајка.

сопазува повеќе

Види и: сопази (св.)
сопазуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
забележува
Употреба: Дијалектен збор

уочи повеќе

уочат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи

уочува повеќе

уочуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
забележува

упази повеќе

упазат
Вид збор: Глагол, свршен
забележи
Употреба: Дијалектен збор

усети повеќе

усетат
Вид збор: Глагол, свршен
зауши, забележи
Албански: vërej
Примери:
Кога ќе го усетат жените некое дете оти се урочило, ќе викнат некоја бајарка.

усетува повеќе

Види и: усети (св.)
усетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
забележува
Албански: vë re