возразат
Вид збор: Глагол, свршен
Возврати со одговор, приговори, изрази несогласување.
Примери:
Се обидоа да возразат на неговото мислење.
забележат
Вид збор: Глагол, свршен
Приговори, изрази неодобрување.
Примери:
Можам да правам што сакам и нема никој да ми забележи.
обжалат
Вид збор: Глагол, свршен
Поднесе жалба за донесено решение, пресуда со барање за повторно разгледување.
Примери:
Го обжали решението за отказ од работа.
презборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Возвраќа, не премолчува некому на добиена забелешка, приговор, укор и сл.
Примери:
Детето презборуваше на секој нејзин збор.
приговарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи приговор, се спротивстави на туѓо мислење.
Албански:
bëj ankesë, kundërshtoj
протестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За меница - предаде на суд меничен протест.
Албански:
protestoj, kundërshtoj
Употреба:
Правда
Примери:
Ја протестирал меницата веднаш по истекот на рокот.
рекламираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Објави, објавува рекламација, вложи, вложува протест.
Примери:
Треба веднаш да се рекламира кај продавачот.