Вид збор: Сврзник
За поврзување зборови или зборовни состави при што едната можност ја исклучува другата.
смрт или слобода
За поврзување реченици меѓу кои се развива разделен однос, притоа преку него се воведува алтернатива или поинаква можност.
Тој ќе седи со часови замислен или ќе оди да ја види.
За појаснување или за воведување соодветник при именувањето на лице, на предмет или на дејство.
Подметот или субјектот во реченицата може да биде испуштен.
Со лексички конкретизатори: За нагласување и за објаснување поинаква можност, заедно со: пак, можеби, барем и сл.
Тоа е најдоброто од нас или можеби грешам.
Со лексички конкретизатори: За засилување на појаснувањето и на воведувањето на истозначната алтернатива, заедно со: поточно, подобро и сл.
Станува збор за музичко пиратство или поточно кражба на интелектуалната сопственост.