organizer - онтологија

бележник повеќе

мн. бележници
Вид збор: Именка, машки род
Тетратка за белешки.
Примери:
Во рака носеше бележник и прирачен магнетофон.

домаќин повеќе

мн. домаќини
Вид збор: Именка, машки род
Лице (правно или физичко) што организира некаков собир, прослава и сл.
Албански: organizator
Примери:
Најголем број учесници на конгресот беа од земјата домаќин.

организатор повеќе

мн. организатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што организира нешто, што е задолжено за организирање на некоја работа.
Албански: organizator
Употреба: Административен термин
Примери:
Организаторите на Охридскиот маратон.
Лице што има способности за организација.
Албански: organizator

потсетник повеќе

мн. потсетници
Вид збор: Именка, машки род
Бележник за тоа што треба да се направи, што не смее да се заборави.
Примери:
Си запиша во потсетникот.

приредувач повеќе

мн. приредувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што приредува, што организира нешто.
Албански: organizator
Примери:
Приредувач на концерт.

роковник повеќе

мн. роковници
Вид збор: Именка, машки род
Бележник, тетратка со датуми која служи како потсетник за работи поврзани со рок.

средувач повеќе

мн. средувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што средува нешто.

сроковник повеќе

мн. сроковници
Вид збор: Именка, машки род
Во администрацијата - книга за одбележување на сроковите.