заоблениот
Вид збор: Придавка
Што нема остри рабови, што е без агли.
Примери:
заоблени колкови
облиот
Вид збор: Придавка
Што нема остри агли, рабови, што е заоблен.
Примери:
обла глаголица
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Јајчест, елипсовиден лик или форма на нешто.
Примери:
овал на лицето
овалниот
Вид збор: Придавка
Што има форма на јајце, што е јајчест, елипсовиден.
Примери:
овална маса, овална форма
околчестиот
Вид збор: Придавка
Што е со тркалезна форма.
Примери:
Околчесто лице.
тркалезна
Вид збор: Придавка
Со форма на круг, топка.
Примери:
тркалезна (тркалеста) кутија