Вид збор: Предлог
Количествен признак, повеќе од нешто.
Примери:
Hа средбата учествуваа над сто научни работници.
Нешто што треба да има предност, да се претпочита.
Каде и да сме, љубовта кон Македонија треба да ни биде над сѐ.
Особина од највисок степен, при споредба на две исти именки.
Тој беше мајстор над мајсторите.
Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството.
Примери:
Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман.
Надмоќ, превласт, управување на некој врз некого или нешто.
Со својата трудољубивост и чесност се наметна над сите.