over - онтологија

над повеќе

Вид збор: Префикс
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл.
Примери:
надвика, надгласа, надживее
(нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат - извршување на дејство над нешто, одозгора.
Примери:
надвисне, надлета, наднесе, наткрили
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор.
Примери:
надградба, надвозник
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата.
Примери:
надвојвода, надбискуп, надбискупија
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто.
Примери:
надбубрежен, надморски
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - признак во определена мера.
Примери:
натпросечен, натчовечки
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата.
Примери:
наднационален, натпартиски

пре повеќе

Вид збор: Префикс
Претставка за образување глаголи со насока на глаголското дејство преку или низ нешто, движење од едно место до друго, од една страна до друга.
Примери:
пречекори, пребега
Претставка за образување глаголи со повторно извршување на дејството, често и на подруг начин, поинаку.
Примери:
прекопа, прекрои
Претставка за образување глаголи со извршување на дејството над вообичаената мера, претерано, често и со непожелни последици.
Примери:
презрее, пресоли