Вид збор: Глагол, свршен
Преоптовари некого со нешто (работа, обврски, задачи).
Примери:
Таа ги позатрупа со материјали за чукање.
(се позатрупа) Се затрупа уште повеќе, се преоптовари со нешто.
Примери:
Тие се позатрупаа со работа.
Вид збор: Глагол, свршен
Натовари малку повеќе одошто може или треба.
Примери:
Тој го попретовари магарето и тоа едвај се движеше.
Натовари, оптовари некого со поголеми должности.
Примери:
Во тој период се беше попретоварил со голем број задолженија.
(се попретовари) Се претовари со работа и сл. малку повеќе одошто може или треба.
Вид збор: Глагол, свршен
Премногу оптовари со товар или работа.
(се преоптовари) Премногу се оптовари.
Примери:
Се преоптовари со работа.
претоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Натовари премногу, повеќе што може да носи, да издржи.
Примери:
Коњот беше претоварен со стока за на пазар.
(се претовари) Се натовари повеќе отколку што може да носи.
Примери:
Купи сè што му порачаа, се претовари и мораше да викне такси.
протурат
Вид збор: Глагол, свршен
Се здобие со повреда.
Примери:
Стопанот го протури коњот товарајќи го премногу.
(се протури) Се здобие со повреда - се искилави.
Примери:
Тој се протурил од кревање тешко уште во младоста.
раскилават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да биде килав, да добие кила.
Албански:
dëkoj, i dëkuem
Примери:
Ќе го раскилавиш детето.
спрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагрби, натовари со тешка работа.
Примери:
Требаше да го спрегнат и него, да види како се работи.