packet - онтологија

завиток повеќе

мн. завитоци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е завиткано, спакувано.
Примери:
Носеше завиток под десната мишка.

калап повеќе

мн. калапи
Вид збор: Именка, машки род
Збиен и цврсто врзан врзоп од тутун, лисја, сено, трева.
Албански: qeskë

колет повеќе

мн. колети
Вид збор: Именка, машки род
Добро спакуван пакет cо нешто што се испраќа по пошта.
Употреба: Разговорно
Примери:
Катаден пристигаа пари, писма, колети од гурбет.

пакет повеќе

мн. пакети
Вид збор: Именка, машки род
Завиткано и спакувано нешто.
Албански: pako
Примери:
Пакет кибрити.
Поштенска пратка
Албански: paketë
Примери:
Поштенски пакет.