parade - онтологија

дефиле повеќе

мн. дефилеа
Вид збор: Именка, среден род
параден марш (на војска), свечена поворка
Примери:
Припадниците на македонската армија денес со свечено дефиле го одбележаа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

корзира повеќе

(се) корзираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се шета по корзо.
Албански: korzon, del në korzo
Примери:
Секој ден се корзира по плоштадот.

парада повеќе

парадата
Вид збор: Именка, женски род
Свечен марш на воени единици.
Албански: paradë, parakalim
Употреба: Воен термин
Примери:
Воена парада.
Колона од народ по повод некоја свеченост.
Албански: paradë
Примери:
Парада на убавици.
Одбрана на голманот во фудбалот.
Албански: paradë
Употреба: Спорт
Примери:
Убава голманска парада.

параден повеќе

парадна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на парада, што е од парада.
Примери:
Парадна униформа.

парадира повеќе

парадираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави парада.
Албански: dal në paradë, parakaloj
Оди со параден чекор.
Албански: ec me hapa parade
Употреба: Воен термин
Се стреми да се истакне пред други.
Албански: paradoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој многу сака да парадира со своето знаење.

парадирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
парадира