partition - онтологија

делба повеќе

мн. делби
Вид збор: Именка, женски род
Постапка со која нешто се дели; делење, поделба, определување дел.
Албански: ndarje
Примери:
Делбата на покуќнината се вршеше со големо спокојство.

дележ повеќе

Види и: делба (ж.)
мн. дележи
Вид збор: Именка, машки род
делба
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел – дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам.

поделба повеќе

мн. поделби
Вид збор: Именка, женски род
Распределба на нешто на повеќе делови или меѓу повеќе единки.
Албански: ndarje
Примери:
Поделба на имот на наследниците.

поделка повеќе

мн. поделки
Вид збор: Именка, женски род
Ознака за тоа што е поделено на делови.
Примери:
На нишанот имаше пет поделки.