patch - онтологија

алтица повеќе

мн. алтици
Вид збор: Именка, женски род
Парче текстил со кое се закрпува скината облека.
Примери:
Конец со конец и алтица на алтица крпено.

закрпа повеќе

мн. закрпи
Вид збор: Именка, женски род
Парче што се користи за затворање дупка.

камушка повеќе

Види и: камуха (ж.)
мн. камушки
Вид збор: Именка, женски род
Отпадоци од крпчиња, партали.
Албански: partall, leckë
Примери:
Кукла од камушки.

крпа повеќе

мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Парче ткаенина (обично од износени алишта) за крпење алишта.
Албански: arnë
Примери:
Неговото старо палто беше закрпено со многу крпи.

латица повеќе

мн. латици
Вид збор: Именка, женски род
Парче ткаенина со кое се закрпува скината облека.
Примери:
Му соши латици на колената.

лепенка повеќе

мн. лепенки
Вид збор: Именка, женски род
Парче од некаков материјал што се лепи на нешто.
Албански: ngjitëse, ngastër
Примери:
На гумата од велосипедот немаше повеќе место за лепенки.

флека повеќе

мн. флеки
Вид збор: Именка, женски род
Закрпено парче на обувка.
Германски: Fleck Албански: njollë, fashë