penetrate - онтологија

впива повеќе

впиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се впива) Се пробива, продира, навлегува само од себе.
Албански: depërtoj, hyj, futem
Примери:
(Се) впива поглед (очи) - гледа напрегнато, проникнувачки во некого или во нешто.

забоде повеќе

Види и: боде (несв.)
забодат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забоде) Навлезе, се пробие со шилестиот дел во нешто.
Албански: hyj, depërtoj
Примери:
Три стрели се забодеа во дабот.

заора повеќе

Види и: ора (несв.)
заораат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлезе, продре во нешто.
Албански: hyj, depërtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едниот рог на животното заора во тврдата земја.

пенетрира повеќе

пенетрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
проникне, проникнува, навлезе, навлегува
Примери:
Ориеналните влијанија пренетрирале во градските култури.

пробие повеќе

пробијат
Вид збор: Глагол, свршен
Сo удар, со сила направи дупка, отвор, премин.
Албански: depërtoj
Примери:
Го пробија ѕидот за да направат прозорец кон источната страна.

продира повеќе

Види и: продре (св.)
продираат
Вид збор: Глагол, несвршен
продре
Примери:
Во народната претстава за гревот и казната продира учењето за можноста на простувањето.

продре повеќе

продрат
Вид збор: Глагол, свршен
пробие

проникне повеќе

проникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлезе сосила надминувајќи ги пречките.
Албански: depërtoj
Примери:
Единицата успеа да проникне во непријателскиот обрач.

прострели повеќе

прострелат
Вид збор: Глагол, свршен
Остро погледне некого.
Албански: përshkoj, shikoj ashpër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со поглед го прострели противникот.