благопријатни
Вид збор: Придавка
Што потпомага во нешто, корисен; што води до успех.
Примери:
благопријатен ветер
меки
Вид збор: Придавка
Што е пријатен за сетилата.
Примери:
мек глас
питкиот
Вид збор: Придавка
(за вино) Што е вкусно и пријатно.
Примери:
Станува збор за вино кое можете да го уживате полека, а останува неверојатно питко.
пријатен
Примери:
Неговиот роман е толку питок, луциден, да не кажам радосен, што ова не е соодветно.
преслатки
Вид збор: Придавка
Многу пријатен.
Примери:
Низ прозорецот се слушаше преслатка мелодија.
пријатни
Вид збор: Придавка
Што дава, што предизвикува задоволство, уживање.
Примери:
Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија.
слатки
Вид збор: Придавка
Пријатен, што причинува задоволство; за глас, звук - пријатен за уво, нежен.
Примери:
сладок одмор
сладосни
Вид збор: Придавка
Кој причинува задоволство, наслада.
Примери:
Сладосни чувства.
убави
Вид збор: Придавка
Пријатен за слухот.
Примери:
убава музика, убава мелодија