poke - онтологија

брка повеќе

бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се брка) Буричка, посега в џеб или на слично место.
Албански: ndjek
Примери:
Селанецот се брка во полускинатиот црвен појас да провери да не му го украл некој ќесето со пари.

бркне повеќе

бркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Буричка в џеб или на слично место.
Албански: fus, shpupurish
Примери:
Тој бркни во џебот од панталоните.

буричне повеќе

буричнат
Вид збор: Глагол, свршен
брцне
Примери:
Трговецот бурична во џебот и извади една рака златници.

забуричка повеќе

Види и: буричка (несв.)
забуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да буричка.
Албански: shpoj
Примери:
Со машата забуричка низ жарта.

зачепка повеќе

Види и: чепка (несв.)
зачепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чепка.
Албански: prek
Примери:
Зачепка нешто од вратата.
Почне нешто да работи по малку.
Албански: punon
Примери:
Тој зачепка нов бизнис.

збуричка повеќе

збуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да буричка.
Албански: llapërçit
Примери:
Жената збуричка во торбата.

избуричка повеќе

избуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша, со буричкање испреврти целосно.
Албански: përziej, tollovit
Примери:
Сејмените го избуричкаа сето сено и ги најдоа скриените деца.

побуричка повеќе

побуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Буричка кратко.
Примери:
Побуричка во машината за перење и си отиде без да ја поправи.

подбуцне повеќе

подбуцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Мушне во ребра, во слабина, со цел да сврти внимание.
Албански: shpoj
Примери:
Го подбуцна со лактот и со очите му покажа накај вратата.
(се подбуцне) Се мушне по малку со некого, заемно.
Албански: prekem
Примери:
Момчињата се подбуцнаа намавнувајќи со глава кон девојките.

рошка повеќе

рошкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бара нешто (во џеб, торба).
Примери:
Рошка во торбата.

рошне повеќе

Види и: рошка (несв.)
рошнат
Вид збор: Глагол, свршен
рошка
Примери:
Ќе рошнам во ношвите, ако останало нешто.

чепне повеќе

Види и: чепка (несв.)
чепнат
Вид збор: Глагол, свршен
допира, дира, пипа, чачка

чечкање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
чепкање

чкота повеќе

чкотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
буричка, буцка
Употреба: Дијалектен збор