pomace - онтологија

комина повеќе

мн. комиње
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Остаток од овошјето, обично од грозје по гмечењето, кој се остава да ферментира по што се точи вино, се вари ракија и сл.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.

џибра повеќе

(едн.) џибрата
Вид збор: Именка, женски род
комина, комиње
Турски: cibre
Примери:
Џибрата ја извади, остана само виното.