precious - онтологија

бесценет повеќе

бесценетиот
Вид збор: Придавка
Што има висока вредност.
Примери:
Бесценето книжевно наследство.

бисер повеќе

мн. бисери
Вид збор: Именка, машки род
нешто многу убаво
Албански: diçka shumë e bukur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народната селекција ги пропушта само вистинските поетски бисери.

драгоцен повеќе

драгоцена
Вид збор: Придавка
Што има висока цена.
Примери:
Драгоцен камен.
Што е многу корисен.
Примери:
Драгоцено време.

предраг повеќе

Види и: драг (прид.)
предраги
Вид збор: Придавка
Што е многу, премногу драг.
Примери:
предрага другарка

скапоцен повеќе

скапоцени
Вид збор: Придавка
Кој чини многу пари, многу скап.
Примери:
Скапоцена облека.

џеваир повеќе

мн. џеваири
Вид збор: Именка, машки род
Бесценет камен; нешто од сребро, злато и бесценети камења.
Турски: cevahir
Употреба: Архаизам