pregnant - онтологија

бремен повеќе

бремена
Вид збор: Придавка
Жена што е трудна, што носи плод.
Примери:
Сосетката беше бремена, очекуваше пород.

детина повеќе

Вид збор: Придавка
трудна, бремена
Употреба: Дијалектен збор

ждребна повеќе

ждребната
Вид збор: Придавка
За кобила што ќе се ождреби.
Употреба: Зоологија
Примери:
Ждребната кобила не ја товараме.

скозна повеќе

скозни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за коза: која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија

скотна повеќе

скотни
Вид збор: Придавка
(обично само во женски род) За мачка, зајачица и некои други животни која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
секогаш скотна зајачица

скучна повеќе

скучни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за кучка, волчица, лисица: која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија

смачна повеќе

смачни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за мачка: која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија

спрасна повеќе

спрасната
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за свиња која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
Спрасна свиња.

спрлна повеќе

спрлната
Вид збор: Придавка
За магарица - што носи плод, што треба да се опрли.
Употреба: Зоологија

стелна повеќе

стелната
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за крава, биволица: која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
Нашата крава е стелна и брзо ќе се отели.

тегобен повеќе

тегобни
Вид збор: Придавка
труден, бременит
Примери:
Ме остави тегобна во седмиот месец.

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
За жена или женско животно - трудна, бремена.
Албански: shtatzënë
Употреба: Медицина , Народна поезија , Разговорно
Примери:
Мене ме тешка остави (нар. поез.)

тешка повеќе

Вид збор: Придавка
трудна, бремена
Употреба: Медицина

товарен повеќе

товарни
Вид збор: Придавка
бремен
Примери:
Товарна жена.

трудна повеќе

трудните
Вид збор: Придавка
бремена, забременета
Примери:
Трудна жена.