proof - онтологија

довод повеќе

мн. доводи
Вид збор: Именка, машки род
доказ, аргумент
Албански: vërtetim
Примери:
Правото на македонскиот народ на самостојност, тие се труделе да го поткрепат со доводи од историјата.

доказ повеќе

мн. докази
Вид збор: Именка, машки род
Непобитен факт, документ или податок со кој се утврдува вистинитоста на нешто.
Албански: dëshmi
Примери:
Тоа е достатен доказ за херојство.

покритие повеќе

мн. покритија
Вид збор: Именка, среден род
Доказ, алиби, непобитен факт.
Албански: dëshmi, alibi
Примери:
Тие имаа покритие дека за време на настанот цел ден биле дома.

потврда повеќе

мн. потврди
Вид збор: Именка, женски род
Доказ со кој се потврдува вистинитоста на нешто.
Албански: dëshmi, vërtetim
Примери:
Тоа е уште една потврда за неговата неспособност.

факт повеќе

мн. факти
Вид збор: Именка, машки род
пример, случај, доказ
Албански: dëshmi
Примери:
На судењето тој изнесе нови факти.