prop - онтологија

навали повеќе

навалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се навали) се облегне, се потпре
Албански: mbështet
Примери:
Се навали на столот.

налакти повеќе

(се) налактат
Вид збор: Глагол, свршен
Се потпре на лакот или на лакти.
Примери:
Лежевме налактени еден спроти друг.

наслони повеќе

наслонат
Вид збор: Глагол, свршен
потпре
Албански: mbështes
Примери:
Главата си ја наслони на раце.

опира повеќе

Види и: опре (св.)
опираат
Вид збор: Глагол, несвршен
опре

опиралка повеќе

мн. опиралки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што служи за опирање, за потпирање.
Примери:
Ноктите и се закопаа во опиралката од скалилото.

потпре повеќе

потпрат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави потпор на нешто да стои цврсто.
Албански: mbështetëse
Примери:
Вратата ја потпре со едно дрво.
(се потпре) Се опре, се облегне на нешто или на некого.
Албански: mbështet
Примери:
Се потпрел на бастунот.

рбет повеќе

мн. рбети
Вид збор: Именка, машки род
Основен, најважен дел на нешто, што го потпира.
Албански: shtyllë
Употреба: Преносно значење
Примери:
’рбетот на движењето