protein - онтологија

белковина повеќе

мн. белковини
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Природно соединение што содржи јаглерод, кислород, азот и водород, составен дел од ткивата на живите организми.
Употреба: Биологија , Хемија
Примери:
Најголема потреба од белковини имаат младите организми.

протеин повеќе

мн. протеини
Вид збор: Именка, машки род
Сложено органско соединение, главна состојка на протоплазмата од клетката кај животинскиот и растителниот организам; витален дел од исхраната на луѓето и животните.
Албански: proteinë
Употреба: Хемија