quantity - онтологија

број повеќе

мн. броеви
Вид збор: Именка, машки род
Bид полнозначен збор со кој се означува количество.
Албански: sasi
Примери:
број од дванаесет души

бројност повеќе

(едн.) бројноста
Вид збор: Именка, женски род
Голема количина, во голем број.
Примери:
Нивната бројност го натера противникот во бегство.

квантитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Количина, бројност, големина во физичка смисла.
Албански: kuantitet
Примери:
Списанието постојано се подобрува и по својот квалитет и по својот квантитет.

квантум повеќе

(едн.) квантумот
Вид збор: Именка, машки род
количина, бројност, големина, опсег
Примери:
Со тестовите може мошне сигурно да се испитува квантумот на знаењата кај учениците.

количество повеќе

мн. количества
Вид збор: Именка, среден род
Својство на нештата да бидат определени, измерени по обем, големина, бројност.
Албански: sasi, kuantitet
Примери:
Донесоа големо количество вино.

количина повеќе

Види и: количество (ср.)
мн. количини
Вид збор: Именка, женски род
количество
Албански: sasi

маса повеќе

мн. маси
Вид збор: Именка, женски род
Вкупно количество од нешто.
Албански: sasi
Примери:
Овие пари ќе влезат во масата средства наменети за развој.

мера повеќе

мн. мери
Вид збор: Именка, женски род
Количество или степен од нешто што се мери.
Албански: masë, kuantitet
Примери:
Му краде од мерата.