quarter - онтологија

исчеречи повеќе

Види и: черечи (несв.)
исчеречат
Вид збор: Глагол, свршен
черечи
Примери:
Ја исчеречија уловената дива свиња и си ја поделија.

квартал повеќе

мн. квартали
Вид збор: Именка, машки род
Четвртина од годината, период од три месеца.
Албански: kuartal
Примери:
Во последниот квартал од годината постигнати се големи успеси во производството.

расчеречи повеќе

расчеречат
Вид збор: Глагол, свршен
Расече на череци.
Албански: ndaj në çerek
Примери:
Расчеречи го јагнево.

черек повеќе

мн. череци
Вид збор: Именка, машки род
Четвртина од нешто.
Турски: çeyrek
Употреба: Разговорно
Примери:
Заклал еден брав и го исекол на череци.

черечи повеќе

черечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече, кине на череци.
Албански: pres në çerek

четврт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Една четвртина од килограм - оди самостојно и со броевите еден и три.
Примери:
четврт кило
Четвртина од еден час, век или временски период.
Примери:
Четврт до осум те чекам на плоштадот.

четврт повеќе

четврти
Вид збор: Придавка
По ред - што доаѓа по третиот.
Примери:
На четвртиот кат.
(за дел) Четврти дел од нешто (една четвртина од нешто).

четвртинка повеќе

Види и: четвртина (ж.)
мн. четвртинки
Вид збор: Именка, женски род
четвртина