quiver - онтологија

ѕемне повеќе

ѕемнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрзне, се смрзнува од студ.
Албански: ftohet, ngrij
Примери:
Старицата ѕемнеше во студената соба.

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
Привидно поигрува, мрда, трепери.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Белите снегулки играа во воздухот.

измрзне повеќе

Види и: мрзне (несв.)
измрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
изѕемне, премрзне
Албански: mbërdhij, ngrij
Примери:
Жените измрзнаа на студот чекајќи за леб.

попрпори повеќе

Види и: прпори (несв.)
попрпорат
Вид збор: Глагол, свршен
За оган - трепери малку, некое време.
Примери:
Огнот попрпори и угасна.

потрепери повеќе

потреперат
Вид збор: Глагол, свршен
Трепери, трепети кратко време.

прпа повеќе

прпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трепери од возбуда.
Албански: dridhet
Примери:
Срцето му прпа кога ќе ја виде саканата.

трпне повеќе

трпнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува силна возбуда, страв, тревога и сл.
Албански: dridhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
(поет.) Срце им трпне, шепот шепотат.