ration - онтологија

дажба повеќе

мн. дажби
Вид збор: Именка, женски род
Следување од нешто, обично храна, што се дава во определено количество на човек или животно за определено време.
Примери:
Не се жалеа на гладот, ниту му префрлаа дека дажбите не се поделени по рамно.

слевање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
следување
Албански: racion
Употреба: Дијалектен збор

следување повеќе

Види и: следува (несв.)
мн. следувања
Вид збор: Именка, среден род
(глаг им.) следува
Албански: racino
Тоа што некому му следува, што му припаѓа во некој временски период, оброк, храна, облека и сл.
Примери:
Моето следување ми беше малку, па побарав уште.

таим повеќе

мн. таими
Вид збор: Именка, машки род
оброк, следување
Употреба: Архаизам

таин повеќе

Види и: таим (м.)
мн. таини
Вид збор: Именка, машки род
оброк, следување
Употреба: Архаизам