reader - онтологија

буквар повеќе

мн. буквари
Вид збор: Именка, машки род
Книга од која се учат буквите, за почетно учење.
Употреба: Образование
Примери:
Разликата меѓу разгледаните буквари е во редоследот на буквите.

словар повеќе

мн. словари
Вид збор: Именка, машки род
буквар
Употреба: Архаизам

читател повеќе

мн. читатели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што чита определени книги, весници, списанија; што ги чита, ги познава, ги сака делата на еден автор; што чита во читална, во библиотека.
Албански: lexues
Примери:
Читателите на нашиот весник.

читателка повеќе

мн. читателки
Вид збор: Именка, женски род
жена читател

читач повеќе

мн. читачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што чита определен текст во некоја пригода, обично на глас.
Албански: lexues
Примери:
читач на вести
Апарат што чита информации.
Албански: lexues, deklamues
Употреба: Информатика
Примери:
читач на картички