баграт
Вид збор: Глагол, несвршен
Обои, зарумени, направи румена.
Примери:
Крвта ги багреше камењата.
вапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вапса) Поцрвене во лицето, се засрами.
Примери:
Се вапсав: ми зовре крвта до тилот.
вцрват
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане црвен, да поцрвени, да зарумени.
Примери:
Неговите очи ја вцрвија девојката.
жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се жари) се црвенее, се руменее
Примери:
Од праведниот гнев лицето ми се жареше.
зарудат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да станува црвеникав.
Примери:
Уште не беа зарудиле мугрите.
зацрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да станува црвен.
Примери:
Јаготките зацрвенеа, ама уште не се зрели.
Направи да биде црвен.
Примери:
Го зацрвени шеќерот, па го додаде млекото.
Стане црвен, добие црвена, црвеникава боја.
Примери:
Раната зацрвени и се воспали.
(се зацрвени) Се покаже со својата црвена боја.
Примери:
Од аголот се зацрвени униформата на рецепционерот.
(се зацрвени) Почне да добива црвена боја.
Примери:
Јаболката се зацрвенија.
исцрват
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, намачка нешто со црвена боја.
крвават
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува црвен, поруменува.
Примери:
Сонцето крвави на заоѓање.
крвјосаат
Вид збор: Глагол, свршен
зацрви, зарумени
Примери:
Очите му крвјосале од лутина.
(се крвјоса) Стане крвав, е црвен како крв.
Примери:
Се крвјоса во лицето.
обгорат
Вид збор: Глагол, свршен
вцрви, зарумени
Примери:
Неговите зборови ја обгорија сета.
опалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опали) Се вцрвени, се вжари, испука (од ветар, влага, сонце).
поруменат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого румен.
Албански:
skuq
Употреба:
Ретко
Примери:
Сонцето му ги порумени образите.
поцрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане црвен; смени боја на лице, снага.
разруменат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане румено.
Примери:
Ветрот и го разрумени лицето.
(се) рудеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) - Станува црвеникав.
Примери:
Рудее зората.
(се) руменеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се обојува со румена боја, се изделува со својата румена боја.
Албански:
skuqem, kuqëlloj
Примери:
На исток руменееше зората
(се) сцрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане црвен; се поцрвени, се сцрви, се вцрви.
Примери:
Се сцрвени во лицето.
сцрват
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да поцрвени (од срам, возбуда).
Примери:
Го сцрви детето со тие прекори.
црвенеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Добива црвена боја.
Примери:
Кожата му црвенееше од сонцето.
(се црвенее) Се одликува, се изделува со својата црвена боја.
Примери:
Во далечината се црвенееја покривите на куќите
Вид збор: Именка, среден род
Станување црвен.
Примери:
Црвење од срам.
Правење црвен.
Примери:
Црвење јајца.