reddish - онтологија

лисест повеќе

лисестиот
Вид збор: Придавка
Што има боја па лисица; црвеникава боја.
Примери:
Човек со лисести мустаќи и брада.

руд повеќе

руди
Вид збор: Придавка
Обично за јагне - младо, бујно, свежо.
Примери:
рудо јагне

руен повеќе

рујни
Вид збор: Придавка
црвеникав, розов
Албански: i kuq
Примери:
рујна зора

румен повеќе

румени
Вид збор: Придавка
Ален, кој има златно-црвеникава боја.
Примери:
румен изгрев

руменикав повеќе

руменикави
Вид збор: Придавка
Што има боја блиска до румената.
Примери:
руменикава боја

црвен повеќе

црвени
Вид збор: Придавка
Што има боја блиска до бојата на крвта, румен.
Примери:
Девојката е бела и црвена.

црвендалест повеќе

црвендалеста
Вид збор: Придавка
За човек - кој има црвеникаво лице.
Примери:
Слаб и црвендалест млад човек.

црвеникав повеќе

црвеникавиот
Вид збор: Придавка
Кој има боја блиска до црвената.
Примери:
Тоа беше црвеникава убава куќа.

црвенузлав повеќе

црвенузлава
Вид збор: Придавка
црвеникав

црвенушкав повеќе

црвенушкава
Вид збор: Придавка
црвеникав

шарабија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има боја на вино.
Турски: şarabi
Употреба: Народна поезија , Неменлив збор