refresh - онтологија

закрепи повеќе

закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закрепи) Си ја поврати силата, се зацврсти, се освежи.
Албански: ripajis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие му помогнаа материјално да се закрепи.

изветрее повеќе

изветреат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изветрее) се проветри, се освежи
Албански: freskohet, ajroset
Примери:
Просториите се изветреаја.

олади повеќе

оладат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане свеж.
Албански: freskoj
Примери:
Сладоледов ме олади, си дојдов на себеси.
(се олади) Се освежи.
Албански: freskoj
Примери:
Се изми и се олади од патувањето.

освежи повеќе

освежат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде свеж, да се излади.
Албански: freskoj
Примери:
Студената вода ќе те освежи.
(се освежи) се излади
Албански: freskohem, flladitem
Примери:
Жетварите се освежија со студена изворска вода.

павта повеќе

павтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се павта) се лади, се разладува

реактуелизира повеќе

реактуелизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави да биде повторно актуелно, повторно актуелизира; реактивира, актуализира.
Примери:
Тој ги реактуелизира основните литературни теми и постапки.