refute - онтологија

обессили повеќе

обессилат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе некаква вредност, важност, оспори, поништи нешто.
Албански: çfuqizoj
Употреба: Правда , Преносно значење
Примери:
Судот го обессили неговото тврдење.

обори повеќе

оборат
Вид збор: Глагол, свршен
Побие нечие тврдење, аргументи, се спротивстави на нешто.
Албански: hedh poshtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Адвокатот го обори обвинението поради непостоење на доволно докази.

побива повеќе

Види и: побие (св.)
побиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
побие
Примери:
Тие побиваат моите непобитни тврдења.

побие повеќе

побијат
Вид збор: Глагол, свршен
Докаже дека тврдењето не е точно.
Примери:
Аргументирано ги побие тврдењата на историчарите.

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За аргументи и слично: собори.
Албански: përgënjeshtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги уриваше нивните аргументи.

урне повеќе

урнат
Вид збор: Глагол, свршен
собори
Албански: përgënjeshtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги урна сите негови аргументи.