reject - онтологија

врати повеќе

вратат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие нешто.
Албански: hedh poshtë
Примери:
Го замолија, но тој ги врати.

котлоса повеќе

котлосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие некого, понижи.

нејќе повеќе

нејќат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не сака никого, нема чувство на љубов кон некого; не љуби.
Албански: nuk dashuron, rrefuzon
Примери:
Ако ме љубиш, љуби ме, ако ме нејќеш, кажи ми.

одбие повеќе

одбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои.
Албански: refuzoj
Примери:
Работниците одбија да работат.

одрече повеќе

одречат
Вид збор: Глагол, свршен
Отрфли нешто.
Албански: refuzoj
Примери:
Му беше соперник, но не можеше да ги одрече неговите доблести.

откаже повеќе

откажат
Вид збор: Глагол, свршен
Не прифати, престане со прифаќањето на нешто.
Албански: refuzoj
Примери:
Инженерите откажале да ги примат парите и да ја прифатат работата.
(се откаже) Се одрече, напушти нешто договорено, нешто што се имало или што се вршело.
Албански: refuzoj
Примери:
Тој се откажа од сè заради неа.

отфрли повеќе

отфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие, не прифати нешто, не се согласи.
Албански: hedh, refuzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги отфрли сите обвинувања.
Решително напушти, одбие, откаже љубов, внимание и cл.
Албански: hedh, refuzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја отфрли својата жена.

отфрлува повеќе

Види и: отфрли (св.)
отфрлуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
отфрли
Примери:
Ги отфрлува неоснованите обвинувања.