replace - онтологија

депласира повеќе

депласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Премести или сменува, смени некого или нешто од положбата.
Примери:
Ги депласира фактите.

замени повеќе

заменат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто ново, друго на местото на старо, искористено, скршено итн.
Албански: zëvendësoj
Примери:
Ги замениле скршените оски на колата.
Одмени, смени некого, преземе некоја работа, должност на местото од друг.
Албански: zëvendësoj
Примери:
Тој го замени главниот актер во една сцена од филмот.
Настапи промена, нова состојба (за природни појави, психички состојби на човекот).
Албански: zëvendësoj
Примери:
Невремето што беснееше цел час, наеднаш го замени сонце.

одмени повеќе

одменат
Вид збор: Глагол, свршен
Замени, смени некого во работата, овозможи некому да се смени, да се одмори.
Примери:
Се сама работеше, немаше кој да ја одмени.

поодмени повеќе

Види и: одмени (св.)
поодменат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмени, замени малку во работата.
Примери:
Дојде ќерката и ја поодмени во месењето.

потисне повеќе

потиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Истисне, замени некого или нешто.
Албански: rivendos
Примери:
Новите зборови ги потиснуваат старите.

смени повеќе

сменија
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи од некои обврски што се исполнуваат на смени; замени на работа.
Албански: rivendos
Примери:
Ги сменивме стражите.
(се смени) Се ослободи од обврски што се исполнуваат на смени.
Албански: ndryshoj
Примери:
Само што се сменија стражите, нешто згрме.