вродат
Вид збор: Глагол, свршен
роди плод
Примери:
Меѓународниот притисок вроди со плод речиси секаде во регионот.
излезат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави како резултат.
Примери:
Сите овие работи излегле од моите раце.
За сметка - се покаже.
Примери:
Колку излезе сето тоа?
прават
Вид збор: Глагол, несвршен
За математички операции - пресметува, изнесува, чини.
Примери:
Сето тоа прави илјада денари.
произлезат
Вид збор: Глагол, свршен
Резултира од нешто.
Примери:
Се произлезе од едно мало недоразбирање.
резултираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Настанува како последица од нешто, следува, води потекло.
Примери:
Да се испита од каде резултираат тие појави.