revolt - онтологија

буни повеќе

бунат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се буни) Искажува незадоволство, се бунтува.
Албански: revoltohet
Примери:
Тој секогаш се буни кога оди на стража.

забуни повеќе

забунат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да предизвикува бунт изразувајќи некакво незадоволство.
Албански: revoltohet
Примери:
Тој ги забунил работниците против власта.
(се забуни) Почне да се буни, да се бунтува.
Албански: revoltohet
Примери:
Селаните се забунија поради новите даноци.

збуни повеќе

збунат
Вид збор: Глагол, свршен
(се збуни) Дојде до побуна.
Албански: rebeloj, ngrit
Употреба: Ретко
Примери:
Луѓето се збунија, не можеа повеќе да трпат.

изреволтира повеќе

Види и: револтира (св. и несв.)
изреволтираат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика револт.
Примери:
Пример што ги изреволтира граѓаните.

побуни повеќе

побунат
Вид збор: Глагол, свршен
(се побуни) Изрази незадоволство, револт, стапи во бунт.
(се побуни) Се појави незадоволство, револт.

разбунтува повеќе

разбунтуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поттикне кон бунт.
Албански: revoltoj, rebeloj
Примери:
Ги разбунтува сите работници.
(се разбунтува) Почне да се бунтува.
Албански: rebeloj
Примери:
Се разбунтуваа и војниците.

револтира повеќе

револтираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвика, предизвикува негодување, возмути, возмутува.
Албански: revoltoj
Примери:
Ги револтира сите присутни.
(се револтира) Се возмути, се возмутува, се возбунтува.
Албански: revoltoj
Примери:
Сега гледам дека сум се револтирал напразно.

спрета повеќе

спретаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почнува да се буни.
Албански: revoltohem, rebelohem
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Ќе спрета секако, но брзо ќе се смири.