rope - онтологија

јаже повеќе

мн. јажиња
Вид збор: Именка, среден род
Производ од усукани или плетени влакна од коноп или од друг материјал што може да се усукува, со голема должина, со различна дебелина, релативно еластичен.
Српски: уже Албански: litar Бугарски: въже
Примери:
бродски јажиња

кабел повеќе

мн. кабли
Вид збор: Именка, машки род
Вид бродско челично јаже.
Албански: litar metalik, sajllë

колак повеќе

мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Ортома, јаже, црево за полевање и сл. свиткани, собрани во круг.
Албански: rrotull
Примери:
Гледам врз колаците дебели јажиња што ми заприлегаа на змии.

ортома повеќе

мн. ортоми
Вид збор: Именка, женски род
дебело јаже
Турски: hortum Албански: litar, tërkuzë

пајван повеќе

мн. пајвани
Вид збор: Именка, машки род
Јаже за врзување на нозете на коњ или друго животно за да не трча кога пасе.
Турски: payvant
Примери:
(нар. поез.) Клало коњи во пајвани.

сајла повеќе

мн. сајли
Вид збор: Именка, женски род
Челично јаже, врвца.
Германски: Seil

сиџим повеќе

мн. сиџими
Вид збор: Именка, машки род
врвка, јаже
Турски: sicim
Употреба: Разговорно
Примери:
Го врза со сиџим.

сиџимка повеќе

Види и: сиџим (м.)
мн. сиџимки
Вид збор: Именка, женски род
сиџим
Турски: sicim
Употреба: Деминутив