гнили
Вид збор: Придавка
За органски материи - што го завршил процесот на гниење, распаѓање под дејство на микроорганизми.
Примери:
Влегува густ мирис на гнило овошје.
Што е расипан, лош, пропаднат.
Примери:
Гнило царство.
расипани
Вид збор: Придавка
Што не е годен за употреба, кој станал непријатен.
Примери:
расипано јадење
раскапана
Вид збор: Придавка
Кој е склон кон паѓање, изгниен, клапнат.
Примери:
Се симинаше по раскапаните скали.
црвливи
Вид збор: Придавка
Кој има црвје; кој е разјаден од црвје.
Примери:
црвливи јаболка
мн. чуруци
Вид збор: Придавка
(неменл. по род) лош, расипан, со маани
Примери:
чурук стока
шуплива
Вид збор: Придавка
Изеден од црв, црвосан, расипан.
Примери:
шуплив орев, шупливо јаболко
шуплосани
Вид збор: Придавка
За плод, расипан, трул, шуплив.
Примери:
Шуплосани ореви.