rotten - онтологија

гнил повеќе

гнили
Вид збор: Придавка
За органски материи - што го завршил процесот на гниење, распаѓање под дејство на микроорганизми.
Примери:
Влегува густ мирис на гнило овошје.
Што е расипан, лош, пропаднат.
Примери:
Гнило царство.

загниен повеќе

загниениот
Вид збор: Придавка
Што почнал да гние.
Примери:
загниено јаболко

изгниен повеќе

изгниениот
Вид збор: Придавка
Што изгнил, што е гнил.
Примери:
изгниени штици

расипан повеќе

расипани
Вид збор: Придавка
Што не е годен за употреба, кој станал непријатен.
Примери:
расипано јадење

раскапан повеќе

раскапана
Вид збор: Придавка
Кој е склон кон паѓање, изгниен, клапнат.
Примери:
Се симинаше по раскапаните скали.

скапан повеќе

скапани
Вид збор: Придавка
Кој е изгниен.
Примери:
Скапани јаболка.

трлав повеќе

Вид збор: Придавка
гнил
Примери:
Трлава бука.

трул повеќе

трулиот
Вид збор: Придавка
гнил
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
трули коски

црвјосан повеќе

Види и: црвјоса (св.)
црвјосаниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) црвјоса

црвлив повеќе

црвливи
Вид збор: Придавка
Кој има црвје; кој е разјаден од црвје.
Примери:
црвливи јаболка

чурук повеќе

мн. чуруци
Вид збор: Придавка
(неменл. по род) лош, расипан, со маани
Турски: çürük
Употреба: Разговорно
Примери:
чурук стока

шуплив повеќе

шуплива
Вид збор: Придавка
Изеден од црв, црвосан, расипан.
Примери:
шуплив орев, шупливо јаболко

шуплосан повеќе

шуплосани
Вид збор: Придавка
За плод, расипан, трул, шуплив.
Примери:
Шуплосани ореви.