sabotage - онтологија

диверзија повеќе

мн. диверзии
Вид збор: Именка, женски род
Илегална акција, саботажа на важни воени и индустриски објекти, железнички пруги и др. од страна на агенти на некоја странска земја.
Албански: ilegalisht
Употреба: Воен термин
Примери:
Непозната група изврши диверзија на железничката станица.
Деструктивна постапка.
Албански: sabotim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Постојано ги расипува состаноците, прави диверзија.

минира повеќе

минираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи нешто да биде неуспешно, предизвикува пораз, подметнува.
Албански: minoj, sabotoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ги минираа преговорите.

ровари повеќе

роварат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скришно, тајно работи против некого или против нешто, предизвикувајќи раздор, кавга, немир, неслога.
Употреба: Разговорно
Примери:
Роварат против власта, ги поткупуваат малодушните да прават штрајкови.

саботажа повеќе

мн. саботажи
Вид збор: Именка, женски род
Противзаконско дејство што има за цел го попречи или доведе во опасност правилното работење на некое претпријатие, установа и сл.
Француски: sabotage Албански: sabotazhë, sabotim
Употреба: Правда
Примери:
Саботажите се ширеа од ден на ден.
Тајно дејство против остварувањето на нешто.
Француски: sabotage Албански: sabotim
Примери:
саботажа на мирот

саботира повеќе

саботираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави саботажа.
Примери:
Ни ја саботира секоја акција.

саботирање повеќе

Види и: саботира (св. и несв.)
мн. саботирања
Вид збор: Именка, среден род
саботира