sacrifice - онтологија

жртва повеќе

мн. жртви
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост.
Албански: sakrificë
Употреба: Религија
Примери:
Новата жртва ја водат кон жртвеникот.
Доброволно откажување, несебично давање, саможртвување.
Албански: sakrificë
Примери:
свесна жртва

курбан повеќе

мн. курбани
Вид збор: Именка, машки род
жртва воопшто
Албански: kurban
Примери:
Приготвените јадења се раздавале за курбан.

прегор повеќе

мн. прегори
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Пожртвуваност, жртвување во име на другите.
Албански: sakrific, flijim
Употреба: Преносно значење
Примери:
свесен прегор