sad - онтологија

жалевит повеќе

Види и: жаловит (прид.)
жалевитиот
Вид збор: Придавка
жаловит
Употреба: Дијалектен збор

жален повеќе

жални
Вид збор: Придавка
Што изразува жал.
Примери:
жален поглед
Што чувствува жал, што е обземен од жал.
Примери:
жална мајка

жалит повеќе

Види и: жален (прид.)
жалитиот
Вид збор: Придавка
жален
Примери:
Однадвор допира жалита песна.

жаловен повеќе

Види и: жален (прид.)
жаловниот
Вид збор: Придавка
жален

жаловит повеќе

Види и: жален (прид.)
жаловитиот
Вид збор: Придавка
жален
Примери:
жаловит глас

жалосен повеќе

Види и: жален (прид.)
жалосниот
Вид збор: Придавка
жален
Примери:
жалосна вест

жалослив повеќе

жалосливиот
Вид збор: Придавка
Што е тажен, исполнет со жал, тага.
Примери:
Погледот му беше жалослив.

жалостив повеќе

Види и: жалослив (прид.)
жалостивиот
Вид збор: Придавка
жалослив

јадосан повеќе

јадосаниот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Примери:
Неговото јадосано срце чукаше силно.

нажален повеќе

нажалениот
Вид збор: Придавка
Натажен, обземен од жал.
Примери:
Жената се врати нажалена.

натажен повеќе

натажениот
Вид збор: Придавка
Што е обземен од тага, нажален.
Примери:
натажен поглед, натажено лице

печален повеќе

печална
Вид збор: Придавка
жален, тажен
Примери:
Печални останки.

плачен повеќе

плачниот
Вид збор: Придавка
тажен, жален
Примери:
плачно срце

растажен повеќе

растажениот
Вид збор: Придавка
Тажен, натажен, обземен од тага.
Примери:
растажено момче

скрбен повеќе

скрбниот
Вид збор: Придавка
За човек - кој испитува скрб; исполнет со скрб, кој изразува скрб.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
скрбна мајка

снужден повеќе

Вид збор: Придавка
Обземен од тага, растажен.
Употреба: Книжевен збор

таговен повеќе

Види и: тажен (прид.)
таговна
Вид збор: Придавка
тажен
Употреба: Поетски збор
Примери:
Таговна песна.

тажен повеќе

тажни
Вид збор: Придавка
Опфатен од тага.
Примери:
Што си денеска така тажен?
Што предизвикува тага.
Примери:
тажни новости

тажовен повеќе

Види и: тажен (прид.)
тажовна
Вид збор: Придавка
Што изразува тага.
Примери:
Тажовна песна пееше.

траурен повеќе

траурни
Вид збор: Придавка
жалосен, нажален, ожалостен

увилен повеќе

увилени
Вид збор: Придавка
тажен, растажен, нажален
Примери:
Сите се увилени.

ујаден повеќе

ујадениот
Вид збор: Придавка
јадосан, растажен

умилен повеќе

умилени
Вид збор: Придавка
тажен, нажален
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Ручек готвит невестица / умилена, ујадвена.

црн повеќе

црни
Вид збор: Придавка
Кој е лишен од радост, тажен.
Албански: i pikëlluar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Црни мисли му се вртеа во главата.