salvo - онтологија

залп повеќе

мн. залпови
Вид збор: Именка, машки род
Едновремен истрел од поголем број огнено оружје.
Употреба: Воен термин
Примери:
Од партизанските заседи грмна залп.

салва повеќе

мн. салви
Вид збор: Именка, женски род
Почесен оган од пушки или топови, истрел.
Албански: breshëri
Употреба: Воен термин
Примери:
Салвите на победата.
Истовремен изблик на чувства на повеќе луѓе.
Албански: breshëri, brohoritje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Салви на смеа.