scab - онтологија

корка повеќе

мн. корки
Вид збор: Именка, женски род
Тврдо образување на површината на нешто што се разликува од внатрешноста.
Албански: kore
Примери:
Раната фати корка.

коруба повеќе

мн. коруби
Вид збор: Именка, женски род
Што личи на кора.
Албански: kore
Употреба: Медицина
Примери:
Раната фатила коруба.

коруз повеќе

мн. корузи
Вид збор: Именка, машки род
Засушена крв.
Употреба: Медицина
Примери:
Го откорна корузот од раната.

корупка повеќе

мн. корупки
Вид збор: Именка, женски род
кора
Албански: kore
Употреба: Деминутив
Примери:
Раната фати корупка.

краста повеќе

мн. красти
Вид збор: Именка, женски род
Кожна заразна болест проследена со cилен јадеж.
Албански: zgjebe
Употреба: Медицина
Примери:
Од крастата ѝ паѓаа парчиња коса.
Кора од засушени крв и гној, или од крв и од гној на рана што зараснува.
Албански: dregëz
Употреба: Медицина
Примери:
Крастите почнаа да му отпаѓат.

крастоса повеќе

крастосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се крастоса) Стане крастав, добие краста.
Албански: dregëzohem
Примери:
Се крастоса од глава до петици.

скрастави повеќе

скрастават
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, зарази со красти.
Албански: dregëzoj, zgjeboj
Употреба: Медицина
Примери:
Ја скрастави ќерка му од царот.

струп повеќе

мн. струпје
Вид збор: Именка, машки род
Засушена кора на рана.
Употреба: Медицина
Примери:
Сиот е струпје.

струпка повеќе

Види и: струп (м.)
Вид збор: Именка, женски род
струп
Употреба: Медицина